Шест активни пожари: ЦУК апелира за крајна внимателност поради високите температури
Со оглед на најавеното зголемување на температурите, кои според УХМР ќе достигнат и над 40°C, Центарот за управување со кризи (ЦУК) упатува апел до граѓаните да ги почитуваат мерките и насоките дадени од надлежните институции за одговорно однесување на отворен простор.
Од ЦУК уште еднаш апелираат за исклучителна внимателност, бидејќи и мало невнимание може да предизвика пожар од големи размери. Граѓаните се повикуваат, доколку забележат сомнително однесување од одредени лица или видат чад или оган на отворено, веднаш да пријават на бесплатниот телефонски број на ЦУК – 112.
Според најновиот извештај за состојбата со пожарите, заклучно со 14:00 часот денеска, евидентирани се вкупно 9 пожари на отворен простор:
-
6 се активни
-
2 се под контрола
-
1 е изгаснат
-
Општина Василево – с. Нивичино (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација)
-
Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева)
-
Општина Македонски Брод – помеѓу с. Црешнево, с. Локвица и с. Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација)
-
Општина Прилеп – помеѓу с. Царевиќ, с. Смолани и с. Радобил, место викано Радобилски Рид (мешана шума и нискостеблеста вегетација)
-
Општина Ресен – с. Волкодери кон место викано Сирхан (трски и сува трева)
-
Општина Желино – с. Церово (нискостеблеста деградирана шума)
Пожари под контрола:
-
Општина Дојран – с. Николиќ (мешана шума)
-
Општина Велес – кај с. Џидимирци, Крушје и Иванковци (мешана нискостеблеста деградирана шума)
Изгаснати пожари:
-
Општина Желино – с. Групчин (мешана шума)
Надлежните служби остануваат на терен и интензивно работат на локализација и гаснење на активните жаришта.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа