Апсење на Табановце: Дрога откриена во тапацирот на автомобил

 


Вчера во 08.20 часот на Граничен премин Табановце, полициски службеници го лишија од слобода Ц.З.(47) од Унгарија.

При гранична контрола и преглед во возилото со унгарска национална ознака, кое го управувал, над ветробранско стакло во тапацир  пронајдена и одземена е марихуана. Увид извршила екипа од СВР Куманово, а дрогата е одземена за понатамошна постапка. 

По целосно документирање на случајот, во консултација со јавен обвинител, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

21.05.2025 - 10:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега