Битолчанец со автмобил удрил во банкина - полицијата експресно го привела

 


Двајца возачи од Битола и Демир Хисар се лишени од слобода од страна на полицијата, откако биле фатени како управуваат моторни возила под дејство на алкохол.

Како што соопшти денеска МВР, вчера околу 16:40 часот, на експресниот пат Прилеп–Велес, полициски службеници од СВР Велес го привеле Н.П. (40) од Битола. Тој управувал патничко возило марка „форд“ со битолски регистарски ознаки и удрил во банкина. По извршен алкотест, било утврдено присуство од 2,83 промили алкохол во крвта.

Полициски службеници од ОВР Демир Хисар ноќеска во 00:12 часот на ул. „Битолска” во Демир Хисар, го лишиле од слобода В.Ц.(47) од Демир Хисар. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници запреле  возило „голф” со демирхисарски ознаки, кое го управувал В.Ц., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му биле 2.60 промили алкохол во крвта.

Двајца возачи се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени кривични пријави по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило”.

31.07.2025 - 13:22

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега