ДУИ: Бришењето на член 96 од Законот за полиција е хипокризија – обид за исклучување на Албанците
Обидот на албанските избраници од ВМРО во Владата да се оправдаат за бришењето на ќленот 96 од Законот за полиција претставува врв на хипокризијата и најјасен израз на нивното реално отсуство од владеењето, велат од ДУИ.
„Сега ветуваат дека ќе го „исправат со амандмани во Собранието“, додека самите биле присутни на седницата на Владата каде што оваа измена беше тивко усвоена. Ова е непобитен факт.
Членот 96, кој гарантираше етничка застапеност во полицијата, е уставна обврска што произлегува од Амандманот 6 и Охридскиот рамковен договор. Неговото укинување не е „лапсус“, туку дел од стратегија за исклучување на Албанците од државните институции, особено од безбедносните структури.
Ние сме во Собранието, таму каде што се носат законите, и таму ќе го запреме овој опасен обид. Вие го одобривте во Владата, сега е доцна да глумите заштитници на јавниот интерес.
Албанците веќе не се лажат од фасади. Не е доволно физички да се биде присутен во Владата, ако политички сте непостоечки“, стои во соопштението од ДУИ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа