Експлозивна направа пронајдена во Битола

 


Вчера во СВР Битола било пријавено дека кај место викано „Смолево“ во Битола, била пронајдена експлозивна направа.

Во 12:45 чaсот пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола ја подигнал експлозивната направа и констатирал дека се работи за неексплодирана артилериска граната калибар 75 мм која потекнувала од Првата светска војна.

26.08.2025 - 17:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега