ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност

 

Европската Унија ги повикува Индија и Пакистан да покажат воздржаност и да преземат итни чекори кон деескалација на состојбата, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Ануар Ал Ануни.

– ЕУ потсетува на потребата од меѓусебно договорено и трајно мировно решение на конфликтот, додаде Ал Ануни.

Тој нагласи дека ЕУ продолжува внимателно да ги следи случувањата во регионот и ја повторува силната осуда на терористичкиот напад во Бајсаран и ужасната загуба на животи што тој ја предизвика.

– Го осудуваме тероризмот во сите негови форми и манифестации. Одговорните мора да бидат изведени пред лицето на правдата, истакна Ал Ануни, додавајќи дека ваквата пораки ја пренела и високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас при нејзините неодамнешни разговори со индиските и пакистанските колеги.

Ал Ануни најави и дека најновите случувања меѓу Индија и Пакистан ќе бидат тема и на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, што денеска и утре се одржува во Варшава.

07.05.2025 - 17:47

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега