Филипче: Мицкоски призна дека ништо не работел, ама „допрва ќе работи“
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче со реакција по повод говорот на Христијан Мицкоски по повод 35-годишнината од основањето на ВМРО-ДПМНЕ. Според Филипче, Мицкоски се обидува да воспостави авторитарна диктатура во Македонија.
„Добро е што Мицкоски сфатил дека народот има очи да гледа и памет да размислува. Свесен е дека не му поминуваат лагите кои четврта година како локална власт и една година како апсолутна централна власт ги кажува.
„Најдоброто допрва доаѓа“ е најлошиот слоган за кампања и потценување на интелигенцијата на граѓаните. Што е тоа што „допрва ќе дојде“? Не беа доволни четири години локална власт и една година централна власт за да направите нешто?
Срамно е Мицкоски да зборува за правда. Направи сè за да ги скрие од одговорност неговите луѓе кои се директно одговорни за најголемата трагедија во историјата на модерна Македонија. Луѓе кои биле финансиери на партијата, но за тоа ќе слушнат граѓаните од утре, исто како што ги објавивме оние кои ги криеја со месеци.
Мицкоски зборува за раст на економијата. Јас не верувам дека постои барем еден човек надвор од неговото опкружување што верува во оваа приказна. Според Евростат, Македонија е земја со најлош животен стандард во Европа. Стагнираат платите, дивее инфлацијата, државниот долг е зголемен за 7 милијарди евра. За цело ова време Владата се луксузира со приватни авиони, јаде папаја и манго, се шета по најскапите хотели во светот, напиша филипче.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа