Филипче: Владината коалиција е пред распад
На денешната прес-конферениција, лидерот на СДСМ Венко Филипче ја критикуваше владата за лошата економска ситуација. Кажа дека владината коалиција е пред распад нецела година од нејзиното формирање, а исто така имаше замерки и на задолжувањето на Владата.
„Најдобар доказ за тоа што се случува во владината коалиција и тоа генерално што се случува во државата е тоа што владината коалиција практично се распаѓа. Нецела година дена после формирањето, коалициски партнери заминуваат. Таравари беше еден клучен фактор од албанскиот блок што се приклучи на оваа влада. Меѓутоа, ајде неколку зборови прво за економијата. Луѓето кога одат во маркет, сфаќаат каква е економската ситуација. Платите не растат, цените дивеат во маркетите“, рече Филипче.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа