Фон дер Лајен го преживеа гласањето за недоверба во Европскиот парламент
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, го преживеа гласањето за недоверба во Европскиот парламент, поднесено од пратеници од крајната десница, што тврдеа дека таа и нејзиниот тим ја поткопале доведбата во ЕУ преку незаконски дејствија.
Само 175 членови на ЕП го поддржаа предлогот, 360 гласаа протов, додека 18 беа воздржани. Со тоа предлогот не доби двотретинско мнозинство, односно најмалку 480 гласови од вкупно 720 пратеници.
Фон дер Лајен не присуствуваше на гласањето бидејќи беше во Рим за да учествува на конференција за обнова на Украина.
Сепак, таа се огласи на социјалната мрежа Икс, каде напиша дека во време кога надворешните сили се обидуваат да дестабилизраат, должност е да се одговори во согласнот со нашите вредности.
Романскиот пратеник од екстремната десница во Европскиот парламент, Георге Пипереа, како главен спонзор на предлогот, побара гласање поради недостатокот на транспарентност од страна на Фон дер Лајен во врска со аферата „Фајзергејт“ за купување вакцини за време на пандемијата на ковид за повеќе од 20 милијарди евра.
Еден од најгласните меѓу оние кои бараа Фон дер Лајен да биде заменета е и унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа