ФОТО: Ова е Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

 

Владата го достави до Собранието Стратешкиот договор со Велика Британија кој предвидува заем со рамка од пет милјарди фунти или шест милијарди евра. 

Овој Договор ќе треба да биде ратификуван од страна на Законодавниот дом. 

Press24 дојде до предлогот на Владата. Во него е доставен и интегрален текст од самиот Договор за стратешко партнерство со Велика Британија.

Договорот гласи:

Владата на Обединетото Кралство на Велика Британиа и Северна Ирска (во натамошниот текст „Владата на Обединетото Кралство“), претставувана од Одделот за бизнис и трговиза (во натамошниот текст : „DBT“), и Владата на Република Северна Македониjа, заеднички „Учесници“ и поединечно „Учесник“, имаат желба да соработуваат за поддршка на реализацирата на инфраструктурни проекти во Република Северна Македониjа и за унапредуваье на нивните односи во областа на инфраструктурата.

Прифаќајки дека одржливата и отпорна инфраструктура е клучна за просперитетот и конкурентноста на една зема и дека истата го поддржува економскиот раст;

Праверки заложби за разме на на знаеа, надобри практики и иновации во соодветните области на експертиза за поддршка на реализациіата на проекти за критична инфраструктура во секторите здравство, транспорт, технологиза и енергетика ; и

Во духот на акнетье на билатералната соработка во областа на инфраструктурата во секторите транспорт, здравство, технологиа , енергетика и други критични сектори, а за поддошка и меѓусебно поттикнуванье на економскиот разво), Учесниците се договориа како што следи подолу.

Во членот 3 е опфатено програмското финансирање согласно Договорот за Стратешко партнерство кој во Лондон го потпиша вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски. Меѓутоа, ниту тука нема детали за условите за добивање и враќање на средства од Обединетото Кралство.

„Владата на Обединетото Кралство го потврдува интересот и капацитетите на Инструментот на Обединетото Кралство за финансирање на изворот (UK Export Finance ‘UKEF’) за обезбедување финансирање за поддршка на приоритетните проекти, под услов да ги исполни правните, политичките, финансиските и други барања за задолжителна проверка и одобрување, при тоа земајќи ја исто така предвид неговата политика за преземање ризик за вакви проекти во моментот на разгледување на истите“. Потенцијалната поддршка од Инструментот на Обединетото Кралство за финансирање на извозот ќе зависи од кумулативната сума на изложеност на кредитниот ризик на UKEF за проектите во Република Северна Македонија, која не смее да го надмине тековното ограничување од  милијарди фунти“, се вели во предлогот доставен до Собранието. 

 

27.05.2025 - 18:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега