(ФОТО) Пожарот е подметнат - Остатоци од изгорена гума и ракавици се пронајдени на Смилковското Езеро, вели Стефковски
Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски објави дека на Смилковското Езеро се пронајдени докази кои укажуваат дека пожарот е подметнат.
„Еве ги доказите: Остатоци од изгорена гума и ракавици се пронајдени на Смилковското Езеро, Се е јасно - пожарот е подметнат, напиша Стефковски на својот Фејсбук профил.
Стефковски псоочи дека е жално ако некој мисли дека на овој начин ќе добие политички поени.
10.07.2025 - 10:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа