ФОТО: Силна бура, дворовите бели од град како да паднал снег - Невреме доаѓа и кон Македонија
Голема бура ја зафати Румска, населба во Општината Шабац, во Мачванскиот Округ во Србија. Небото станало темно, а силниот дожд, ветер, град и грмотевици направиле хаос.
Направени се големи штети и по дворовите на куќите, каде паднал град.
Инаку, УХМР најави невреме за денеска и во Македонија. Наместа, особено во источните делови, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (поголема количина за кратко време), силен ветер (над 60 километри на час) и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени, соопшти УХМР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа