Ѓорѓиевски и турскиот амбасадор Улусој договараат соработка: Кисела Вода и ЗЕЛС отвораат нови можности

Во просториите на Општина Кисела Вода, денес се одржа средба меѓу градоначалникот и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, и амбасадорот на Република Турција во земјава, Н.Е. Фатих Улусој. На средбата, која се одвиваше во пријателска и конструктивна атмосфера, присуствуваше и пратеничката Иванка Додовска.
Градоначалникот Ѓорѓиевски и амбасадорот Улусој се запознаа и разговараа за можностите за соработка како на локално ниво, во рамки на Општина Кисела Вода, така и на пошироко ниво преку Заедницата на единици на локална самоуправа – ЗЕЛС.
-Со амбасадорот Улусој ја отворивме можноста за продлабочување на односите преку конкретна соработка на локално ниво. Општините се директен мост меѓу граѓаните и државната дипломатија, а ваквите средби се одлична можност да се иницираат проекти што ќе донесат конкретни придобивки за заедниците. Како претседател на ЗЕЛС, ја гледам оваа комуникација како потенцијал за партнерства кои ќе бидат од корист за сите граѓани“, изјави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.
02.06.2025 - 13:52
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа