Ѓорѓиевски: Скопје ќе има модерен и брз градски превоз
Градскиот транспорт ќе стане модерен, функционален и достапен за сите граѓани, најавил кандидатот за градоначалник на Скопје и актуелен градоначаник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, денеска на средба со приватните превозници од јавниот транспорт во Скопје.
Ѓорѓиевски во објава на социјалните мрежи сподели дека на средбата е разговарано за сите предизвици со кои се соочува јавниот превоз, но, како што пишува, уште поважно, зборувале за решенијата.
- ЈСП и приватните превозници мора да дејствуваат синхронизирано и координирано, порачува Ѓорѓиевски.
Само така, укажува, може да се создаде јавен превоз кој навистина ќе одговара на потребите на скопјани.
- Ќе преземеме конкретни чекори за надминување на тековните проблеми и ќе ги вклучиме и позитивните регионални искуства — со оптимизирање на линиите, подобрување на возниот ред и обезбедување сигурен и ефикасен транспорт за сите, информира Ѓорѓиевски.
Тој денеска имал средба и со претседателот на синдикатот на такси возачите од која соопшти дека произлегле конструктивни, реални и применливи предлози.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа