Гласна музика во охридски кафе бар: Полицијата измери 54 децибели, следува пријава
Денеска (19.07.2025) во 00.15 часот, во СВР Охрид е пријавен нарушен јавен ред и мир со гласна музика од кафе бар лоциран во трговскиот центар „Амам“ во Охрид.
По преземени мерки согласно правилникот за примена на индикаторите за бучава и правилникот за локации на мерните станици и мерните места, извршено е мерење на јачина на бучава со Фонометар, при што полициските службеници констатираа гласност од 54 децибели односно надминување на дозволената гласност од 35 децибели.
По целосно документирање на настанот, против правниот субјект и одговорното лице, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа