Хорор го потресе регионот: Автобус полн со ученици целосно изгоре
Автобус полн со ученици од основно училиште, денеска се запалил кај местото Криви Вир во близина на Боњевац во Србија, пренесуваат српските медиуми.
Снимките од лице место покажуваат дека автобусот целосно изгорел. Според локалните медиуми, сите деца се добро и успеале навреме да се евакуираат од местото. Тие тргнале на дводневна екскурзија во источна Србија, организирана од туристичката агенција „Хало травел“ со седиште во Ниш.
Несреќата се случила околу 10:50 часот кога од непознати причини автобусот се запалил. Полицијата и пожарникарите се на местото на настанот и вршат увид.
Александар Пауновиќ, еден од родителите кој веќе тргнал да го земе своето дете, вели дека децата во моментов се жалат на гадење, но дека сите се симнати од автобусот.
„Додека го испраќав детето, забележав дека автобусот е стар, па проверив во APR и компанијата е основана минатата година“, вели Пауновиќ.
Тој додава дека детето му рекло дека веќе застанале неколку пати од утрово, кога тргнале.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа