Километарски колони на Табановце - се чека околу половина час

 


Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози и зголемен интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“ времето на чекање за влез во државата е околу половина час, додека на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од Автомотосојузот на Македонија.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

06.07.2025 - 12:37

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега