Кумановец затекнат како краде - во полиција признал и други дела
Полициски слушбеници вчера лишиле од слобода кумановец кој бил затекнат да одземе предмети од приватен имот.
-Вчера во 05:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.З. (45) од Куманово. Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од приватен имот на улицата „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово, а исто така се сомничи дека извршил и уште две кражби од приватни имоти, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Како што посочуваат од МВР, лицето е приведено во полициска станица, каде ги признал делата и по целосно документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа