Куманово во пламен: Повеќе пожари беснеат низ градот
Попладневно избувнаа неколку пожари на различни локации во Куманово. Градот е обвиткан во чад и се чуствува мирис. Речиси сите екипи на територијалната противпожарна единица се на терен.
- Постојано имаме пријави за пожари, Табановце, Четирце, месноста „Палестина“, „Ѓуро Пуцар Стари“, Горно Којнаре, Романовце, во село Младо Нагоричане пративме две екипи. Повикуваме луѓе од дома, изјави командиро на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски.
Силниот ветер во значителна мера го отежнува гасењето на пожарите.
09.07.2025 - 15:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа