Манасиевски: Ако Шукова ништо не направи како министер за животна средина што може да направи како градоначалник на Скопје

 


„СДС под водство на Венко Филипче покажа само една работа – дека секогаш може да се оди подолу, дека дното е сè подлабоко и подлабоко. Филипче е како жив песок, само ја влече надолу партијата“, изјави денеска Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, критикувајќи го актуелното раководство на СДСМ.

 

Манасиевски посочи дека овој период е особено видлив поради проблемите со кандидатурите за претстојните локални избори, особено за Скопје. Според него, „никој жив не му прифаќаше да биде кандидат за ниту една општина, посебно за Скопје каде никој не сакаше да излезе на трката избори за градоначалник на Скопје“. Тој тврди дека по низа одбивања, Филипче морал да излезе со Каја Шукова како кандидат за Скопје, или таа да биде „жртвата“.

 

Манасиевски отворено го критикува Филипче, тврдејќи дека е поставен на функцијата прв човек на партијата исклучиво за да му го чува местото на Зоран Заев, а дека има само „криминална заднина“. Како резултат на ова, според ВМРО-ДПМНЕ, доаѓа до ситнење на СДСМ и катастрофална кадровска политика.

„Филипче не успева никако да излезе од филмот на Заев во која му е доделена запрепастувачки лоша улога. Улога која го доведе во ситуација да не му остане човек, да мора да предлага или криминални или крајно безлични и неспособни ликови за претстојните локални избори“, нагласи Манасиевски.

 

Особено остри критики беа упатени кон Каја Шукова, кандидатката за градоначалник на Скопје. Манасиевски потсети дека Шукова, како поранешна министерка за животна средина, „не направи ништо за животната средина, за почист воздух, за управување со отпад и слично“. Тој тврди дека во нејзиниот мандат, од февруари 2023 година, таа „само излегуваше во јавност и како да се имаше снимено само повторуваше треба многу време да решиме било кој проблем со животната средина“.

„Ако Шукова ништо не направи како министер за животна средина се поставува прашањето што може да направи како градоначалник на Скопје, посебно вакво Скопје речиси уништено од Данела Арсовска која со право може да се нарече само кума на градскиот хаос“, додаде Манасиевски.

На крајот, тој заклучи дека кандидатурата на Шукова, како и сите досега предложени кандидати на Филипче и СДСМ, се „само потврда на тврдењата дека сите тие ќе ја трчаат трката која не е неизвесна туку води до сигурен пораз“.

19.07.2025 - 12:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега