Мицкоски: Двојно е зголемен буџетот за научната дејност

 

Во моментот имаме два огласи кои ги објави Министерството за образование и наука. Околу 340 милиони денари се ставени на располагање за финансирање на научно-истражувачки проекти и апликации. Ова го истакна премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на настан по повод 80 години од постоењето на Државен завод за статистика.

-Ги повикувам колегите од универзитетите да поднесат барање. Тоа е многу важно. Истовремено сакам да кажам дека вкупниот фонд за наука е зголемен од 5 ипол милиони евра во 2024-та година на 670-680 милиони денари, речиси двојно во 2025-та година. Тоа не е доволно, се разбира. Како човек од науката кој што доаѓа од УКИМ, велам дека не е доволно. Треба уште, но е подобро од тоа што беше во минатото. Се надевам дека во годините кои следат ќе имаме уште повеќе да понудиме за науката бидејќи науката е двигател на развојот на една држава, рече Мицкоски.

02.06.2025 - 11:13

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега