Мицкоски: Импресивно е тоа што се прави во Јегуновце
Ова денес што го видовме е навистина импресивно, рече премиерот Христијан Мицкоски при денешната посета на Општина Јегуновце.
Но, ова е само дел од тоа што Диме како градоначалник заедно со администрацијата, заедно со советниците, заедно со пратениците и од Јегуновце, но и од полошкиот регион го прават за Општина Јегуновце, посочи Мицкоски.
„Во периодот којшто следи како што кажа и градоначалникот ќе имаме и уште дополнително проекти коишто ќе бидат финансирани од буџетот на државата, но истовремено и од буџетот на општината.
Очекувам овој градежен „бум“ да продолжи со што ќе се подобрат условите за живот, ќе се поткрене нивото и стандардот на граѓаните. Убеден сум дека само со посветена, чесна, напорна работа се постигнуваат резултати.
Се останато е политиканство. Ние не сме тука за да водиме политиканство, ние сме тука за да работиме за интересот на граѓаните“, рече премиерот.
Мицкоски упати честитки до Диме како градоначалник и очекува во следниот четири годишен мандат уште многу други, стотици проекти да бидат реализирани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа