Министерство за финансии: Ребалансот на буџетот на владина седница најверојатно во четврток

 

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриоска Кочоска.

Како што изјави за медиумите, клучните проекции, БДП и инфлацијата, остануваат исти.

– Генерално, остануваме на истите бројки кои ги имавме од аспект на бруто домашен производ инфлација, истакна Димитриоска Кочоска, по презентацијата на Договорот за финансирање на заедничките активности, што ја организираа Министерството за финансии (МФ) и Канцеларијата на ООН во Скопје.

16.06.2025 - 13:57

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега