Министерството за здравство ја зајакнува билатералната соработка со Хрватска

 

Министерството за здравство негува долгогодишна и успешна билатерална соработка со Република Хрватска во областа на здравството. Во насока на натамошно унапредување и продлабочување на оваа соработка, министерот за здравство, Азир Алиу, денес оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска во Северна Македонија, Н.Е. Нивес Тигањ.
 
На средбата се разговараше за можностите за размена на искуства и добри практики меѓу двете земји, особено во делот на реформите во здравствениот систем, дигитализација и управување со човечки ресурси.
Двете страни изразија подготвеност за продлабочување на институционалната соработка и натамошна реализација на заеднички иницијативи.
21.07.2025 - 16:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега