Млад струмичанец пронајден починат на паркинг во Центар во Скопје
Вчера во 10.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг на подрачјето на Центар пронајден е починат С.А.(40) од с.Банско, струмичко.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на jавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.
01.07.2025 - 15:01
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа