Муцунски: Македонскиот извоз во мај бележи раст од 23,44%
Македонскиот извоз во мај 2025 бележи раст од 23,44%, додека за првите пет месеци од годината порастот изнесува 3,15%. Во истиот период, увозот е зголемен за само 1%, што упатува на стабилен трговски биланс и позитивно салдо, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.
-Податоците укажуваат на значително поголем извоз од увоз – што значи повеќе свеж капитал во државата, зајакната девизна позиција и дополнителен поттик за економски раст. Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи, напиша Муцунски на социјалните мрежи.
Податоците, според Муцунски, го потврдуваат ефектот од економските политики на Владата, и дека „дури и во услови на стагнација на европскиот пазар државата има стабилни и позитивни трендови во извозот“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа