Најавени исклучувања - Овие места во Скопје остануваат без струја
Поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска од 6 до 9 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. „Борка Талевски“ во Општина Центар.
Од 9 до 15 часот, од селата Горно Оризари и Голиево, вклучувајќи го и каменоломот на АД Гранит во село Бразда, во Општина Чучер Сандево.
Од 10 до 13 часот, корисниците од дел од село Страхојадица во Општина Зелениково.
27.05.2025 - 08:04
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа