Николоски: Брзата пруга на Коридор 10 „златна кокошка” за Македонија
Изградбата на брза пруга на Коридор 10 несомнено ќе биде „златната кокошка” на Макeдонија бидејќи ќе носи многу профит, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.
Во интервју за Радио Лидер, Николоски рече дека со новата пруга во патничкиот сообраќај брзината ќе биде од 160 до 200 километри на час, а во карго превозот до 120 километри на час. Тоа, според вицепремиерот, е условот за економски развој на земјата.
- Сакам да имаме пруга со која во карго делот со 120 км на час ќе бидеме конкурентни на најдобрите пруги во Европа, што значи дека државата ќе се поминува за нешто час и половина што многу ќе значи за развојот на трговијата и очекувам тоа да е златната кокошка на Македонија. Многу профит ќе ни носи ако ја изградиме железницата на Коридор 10. Се работи за економски највиталниот коридор во цела Европа, односно може да носи најмногу пари. Еве еден податок. По автопатот кој оди од северната до јужната граница, годишно поминуваат над 10 милиони патници. Ако секој од нив барем едно кафе купи значи 10 милиони остануваат во државата, а инаку приливот од патарини само од Коридор 10 е некаде 58 милиони евра годишно. Замислете да почне железницата да оперира како што треба и да се отворат двете грчки пристаништа Пиреа и Солун а ќе се отворат, затоа што тоа е стратегиски проект, мој личен проект и мој сон за што зборував и во опозиција и една од главните причини зошто сум во овој ресор. И за многу брзо ќе слушнете убави вести, истакна вицепремиерот Николоски.
Како што соопшти Министерството за транспорт, Николоски во интервјуто потенцирал дека активно се градат четири нови автопати, а во постапка е јавен повик за изградба на уште еден.
- Ќе имаме отворен фронт за изградба на пет нови автопати. Тоа е сериозна мобилизација на ресурси и уште поважно зголемување на капацитетот на администрацијата за која е сериозн предизвик реализацијата на овие крупни капитални проекти. Се гради Охрид -Кичево, се гради Гостивар-Букојчани, се гради Гостивар -Тетово и се грaди Прилеп-Битола, а најавувам дека во моментов имамe отворен повик и ќе се гради спојката меѓу двата автопати Букојачни - Кичево, значи ќе имаме изградба на пет автопати што е сериозна мобилизација на ресури, луѓе, машини и што е поважно покажуваме капацитет на администрацијата. Дополнително реализиравме два големи проекти кои што ги пуштивме во јануари, тоа е експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, експресниот пат Прилеп - Градско прва фаза и плус желеницата Куманово-Букојчани. Во моментов се гради Дреново -Фариш втората фаза на експресниот пат, ќе го пуштиме на почетокот на јуни, се гради Охрид -Св. Наум ќе го пуштиме на крај на мај и се гради Богданци - Гевгелија исто така ќе го пуштиме во тек на јуни, така што има огроман фронт за изградба на патишта. Паралелно ја градиме железницата Бељаковце - Крива Паланка, рече вицепремиерот Николоски
За изгрaдбата на автопатите на коридорите 8 и 10 д, вицепремиерот Николоски истакна дека за десетина месеци Владата експроприрала пет пати повеќе парцели отколку претходната во две години. - Кога бевме избрани во јуни лани од вкупниот број на парцели што требаше да се експроприраат, беа експроприрани околу 500, а ние во перидот од јуни до април во рок од 10 месеци експроприравме околу 2500. Тоа што претходната влада го направила за две години, ние помножено со пет го направивме за десет месеци и во моментов во Македонија како во нидна балканска земја има отворен фронт за работа на четири автопати кои што се градат паралелно, истакна вицепремиерот Александар Николоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа