Што се случува со Џорџ Мајкл?
Славниот пејач, педесет и едногодишниот Џорџ Мајкл, се повлече од јавноста бидејќи е тешко болен. Тој последен пат е виден во мај кога излезе од болница во која беше итно префрлен поради мистериозна болест. Единствено неговиот пријател Дејвид го посетува во неговата вила во северен Лондон.
- Луѓето се грижат за него, оти Мајкл буквално се одвои од останатиот дел на светот, вели неименуван пријател на суперѕвездата.
Џорџ Мајкл во 2011 година се здоби со тешко воспаление на белите дробови и едвај остана жив.
Наводно причината за ваквата изолација е тешката сообраќајна несреќа која ја доживеа пред неколку месеци, кога на автопат во близина на Лондон падна од автомобилот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа