Лепа Брена се опоравува опкружена со семејството и пријателите
Лепа Брена, која вчера беше пуштена на домашно лекување од болницата во Ловрен, на многубројните загрижени фанови им порача дека е добро и дека нема болки бидејќи пие лекови.
- Не знам ни сама колку време точно помина, затоа што откако ми го ставија гипсот сите денови ми се исти. Ноќва првпат спиев како што треба и што е најважно научив да спијам на грб. Сите ме прашуваат дали имам болки? Немам. Докторите ме снабдија со сите потребни лекови и сега пред мене се три задачи: да одмарам, да одам на физиотерапија и да бидам дисциплинирана. Им се заблагодарувам од сесрце на персоналот од болницата и на сите кои ми праќаа пораки полни со топли зборови, благодарна е Брена.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа