ФОТО: Ќе се кае цел живот - му раскинала а тој...
23 - годишниот Џек Дарби од Англија бил буцкаст и се срамел од својот изглед. Неговата поранешна девојка го напуштила велејќи му да оди во теретана.
Оттогаш Џек почнал да крева тегови и за 18 месеци резултатите се повеќе од задоволувачки.
- Шетав низ кампот и забележав дека девојките ме гледаат. Претходно, ми беше непријатно да одам без маица надвор, но сега гордо одам без неа, вели Џек.
Неговата девојка постојано му велела да почне да вежба, бидејќи имал пивски стомак.
- Никогаш не ми кажала дека сум дебел, но секогаш ми велеше дека треба да одам на фитнес. Забележав дека гледа во сите слатки мускулести мажи кои минуваа покрај нас. А кога ќе видеше некој таков на телевизија ми велеше дека “и ти можеш да бидеш таков, само доколку сакаш.“
Џек започнал да вежба секое утро пред да оди на работа во болницата во Лестер и од својата исхрана ги исфрлил јаглехидратите.
- На почетокот само сакав да се ослободам од стомакот, но тоа се претвори во нешто повеќе. Девојките кои што претходно не ме забележуваа, сега неможат да го тргнат погледот од мене, раскажува Џек.
Тој заменил 19 килограми масти со мускули. Сега има 89 килограми, а виско е 180 сантиметри.
Во мај, Џек учествувал на натпревар за бодибилдери, „Body Power Festival”, најголемиот фитнес натпревар во Велика Британија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа