Тие се вратиле од мртвите а науката нема никакво објаснување за тоа
Во книгата "Doctored: The Disillusionment of an American Physician", др. Сандип Јаухар опишал случаи на свои пациенти кои се вратиле од мртвите. Во книгата докторот навел неколку примери од пациенти кои биле прогласени за мртви, а потоа по неколку минути, мистериозно се разбудиле.
Во библијата Исус го оживеал Лазар, па поради тоа и во медицината, пациентот за кој се верува дека е мртов, а спонтано оживува, се нарекува Лазар. Во медицината се забележани 40, а др. Јаухар тврди дека се сретнал со најмалку три такви случаи, пишува Med Page Today.
8-годишно момче било прогласено за мртво, откако медицинскиот персонал се обидувал да го реанимира цели 30 минути. Лекарот кој го прогласил за мртво, се вратил до телото пет минути подоцна за да открие дека момчето има пулс.
67-годишна пациентка доживеала инфаркт и срцето и' запрело. Била преместена во посебна просторија, каде што медицинската сестра по 20 минути забележала дека жената се движи и дише. Била пуштена на домашно лекување и починала по 3 месеци - на сон.
Зошто некои смртни случаи се реверзибилни, е феномен кој ќе остане мистерија. Некои експерти претпоставуваат дека прекинот на реанимацијата го зголемува притисокот во градниот кош, овозможувајќи крвта да се врати во срцето.
Некои пациенти кои доживеале мозочен удар, правеле спонтани движења откако биле исклучени од апаратите за дишење. Некои станувале наеднаш или ги виткале рацете кај лактите, а некои правеле сложени движења со прстите. Такви движења се случуваат иако нема крв во мозокот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа