ФОТО: Ќе прават свадба без да потрошат скршен денар
Еве како овие двајца младенци смислиле начин да направат свадба без да потрошат ниту една пара. Идните младенци Кортни Мекензи и Џамил Невил смислиле едноставна, но воедно и креативна и генијална идеја која ќе им донесе огромна заштеда.
Повикале голем број компании да бидат спонзори на нивната свадба која ќе се одржи на 14 декември на Тајланд.
Компанијата која ќе вложи поголема сума пари со кои ќе се покријат одредени трошоци, нејзиното лого ќе биде испишано на венчаницата на невестата и костумот на младоженецот.
- Одлучив да ги спојам моите две љубови, Џамил и маркетингот. Ако успееме да ги собереме тие 30.000 долари, нема воопшто да ни пречи да бидеме патувачка реклама. Спонзорите преку социјалните мрежи ќе ги рекламираме и во текот на целиот меден месец. Не сме материјалисти, туку само сакаме да направиме убава свадба согласно нашите финансиски можности. Се сакаме, а тоа е најважно, со логото и без него, изјавила Кортни која воедно и го осмислила овој проект.
Логото на компанијата ќе биде испишано и на костимите за капење кои младенците ќе ги носат на меден месец.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа