Волјата за живот е најважна: Се родил со искривен врат а денес е успешен сметководител
37- годишниот Клаудио Виеира де Оливеира е роден со искривен врат а главата му виси на грбот и тоа наопаку.
Покрај тоа, тој има деформитет и на рацете и нозете.
Кога се родил лекарите на неговата мајка и’ кажале дека нема речиси никакви шанси да преживее, но таа не им верувала и се борела за своето дете.
Денес Клаудио е образован и успешен сметководител, а станал и мотивациски оратор.
-Уште од дете сакав да бидам некако ангажиран. Не сакам да зависам од некој друг и секогаш сакам да научам што повеќе. Сега работам како сметководител, но и истражувам за клиентите и се консултирам со нив. Знам сам да го вклучам телевизорот и да менувам програми, да се јавам на телефон, да го попуштам радиото, да користам интернет, рекол Клаудио.
На осум години Клаудио развил свој систем на одење. Се движи на колена, а неговите родители во домот се прилагодуваат на неговите потреби.
-Со тек на време успеав да го прифатам своето тело. Моментално не се гледам како посебен или поинаков. Јас сум нормална личност. Работите не ги гледам наопаку – тоа секогаш морам да го објаснувам во своите говори. Денес ми е многу полесно да се носам со јавноста. Не се плашам од ништо и слободно можам да кажам дека сум говорник кого го викаат своите приказни да им ги раскаже на целиот свет, вели тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа