ВИДЕО: За да се заштити од лоша магија се венчала со куче

 

18- годишната Мангли Мунда се омажи за кучето Шеру, откако локалниот гуру им рекол на родителите дека таа има лоша карма и доколку се омажи за човек, би ги уништила и семејството и заедницата. 

На нејзината свадба присуствувале 70 гости. Кучето било донесено со автомобил, а гостите радосно го поздравиле „зетот“ а испочитувани биле сите свадбени обичаи.

Мангли, не е среќна поради „мажачката“, но смета дека тоа ќе помогне да и се смени судбината.

„Старците од селото веруваат дека злото ќе мине на кучето. Потоа, човекот со кого ќе се омажам, ќе има долг живот“, вели „невестата“.

04.09.2014 - 10:37
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега