ВИДЕО: Трогателно- таткото на малата пациентка побарал од докторот да ја однесе до олтар

Докторот херој Алекс Леви прв пат ја запознал четири-годишната Клои Вилијамс кога таа биле донесена во болницата Арнолд Палмер во Орландо, Флорида од нејзините родители Марк и Мишел на Бадник во 2009-та година.
Во тој момент девојчето страдало од повраќање и силни главоболки, и по деталните прегледи се испоставило дека Клои има малиген канцероген тумор.
Откако д-р. Леви им ги соопштил катастрофалните вести на родителите, таткото на Клои го прашал "Дали ќе дочекам да ја испратам ќерка ми до олтарот на нејзината венчавка?"...
На ова Д-р. Леви му одговорил: "Ние ќе се обидеме и проклето тешко да дадеме се' од себе тоа да се случи".
По три операции и повеќе од една ипол година хемотерапија, храбрата Клои била излечена од туморот.
Но ракот се вратил во февруари оваа година, по што Клои уште еднаш била подложена на третмани и лекување и успешно се опоравила.
Во моментов Клои прави редовни посети во болницата за да го спречи враќањето на ракот.
-"Кога ми се јави таткото на Клои и ме праша дали би сакал јас да ја предадам раката на неговата ќерка и да ја одведам до олтарот кога ќе дојде тој ден, му кажав дека најверојатно после тоа и би се пензионирал", изјавил Леви.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа