Каде е и што прави менаџерката на Тоше Проески, Љиљана Петровиќ?

 

Откако го загуби својот пулен Тоше Проески, кој го сакаше како свое дете, неговата менаџерка Љиљана Петровиќ сосема се повлече од јавниот живот и шоу бизнисот во Македонија, но и во Србија.

toski.jpg500

Таа мирот го најде во својот роден крај, на Сува Планина кај Бела Паланка, и таму ја оствари својата желба, да направи плантажа на лаванда, растение кое е многу ценето во индустријата за лекови, храна и козметика.

Нејзината органска плантажа на 600.000 растенија вистинска лаванда (Lavandula officinalis) се простира на повеќе од 27 хектари, со што е една од трите најголеми плантажи во Европа.

1toski.jpg500

На плантажата има многу работа која започнува во март, а завршува во доцна есен. Вработените работат со полно работно време и уште многу други се ангажираат како сезонски работници.

На самата плантажа Љиља има и оддел за дестилација каде веднаш ги преработуваат и дестилираат набраните растенија.

Погледнете го видеото и видете како тоа изгледа во живо:

05.10.2014 - 19:15

 


 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега