Откриена вистинската причина поради која е тргната емисијата на Иван Ивановиќ
Вистинската причина поради која е тргната емисијата на Иван Ивановиќ не е караница со Ивана и ТВ Прва, а особено не се причина неговите несолени шеги на сметка на Томислав Николиќ.
Станува збор за неговата желба да крене медиумска прашина и да се смени терминот за емитување од петок во понеделник. Се донела одлука да се крене малку прашина и да се смени терминот.
Извор за српскиот Телеграф вели дека поради тоа емисијата ќе се емитува во понеделник, затоа што дошле до заклучок дека полесно ќе се справат со конкуренцијата од гледаноста на „Браво шоу“.
Иван Ивановиќ на својот Твитер профил им се извини на гледачите поради неемитувањето на синоќешната емисија и им вети повторна средба.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа