Боки 13 удри по Елена Ристеска: Таа и Дарко се вагинални ликови

 

Бојан Јовановски и по четири поминати години се уште стои на тоа дека Елена Ристеска и Дарко Димитров биле во тајна љубовна врска.

Секогаш стојам позади она што ќе го кажам и поради тоа ги сносам последиците од изреченото. Тужен сум од страна на Елена и Дарко за вистина и по толку поминати години уште стојам на тоа дека тие двајца беа во тајна љубовна врска. Но, да ви кажам една работа искрено, мене буквално ме заболе уво со кого тие имале каков било љубовен или сексуален однос. Ме изиритира нивното лицимерие и лигавост во тоа време. Поради нив не отидов на Евровизија и изреволтиран решив пред јавноста да ги откријам нивните вистински лица. Во спротивно, никогаш не би биле предмет на мој интерес или пак тема на муабет што би го правел, бидејќи тие за мене и двајцата во пакет се обични вагинални ликови", вели Боки за Вечер.

Во моментов работи како менаџер на момците од Некст тајм, кои се ексклузивци во неговата продукција која ја има отворено заедно со Марина Туцаковиќ во Белград.

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега