ВИДЕО: Со двете нозе веќе била во гроб поради хемотерапијата

 

Србија е на второто место во Европа по бројот на умрени од рак на дојка, предупреди српскиот министер за здравство Златомир Лончар.

По повод одбележување на Националниот ден на борбата против ракот на дојката, министерот Лончар изјави дека годишно од оваа злочеста болест во Србија заболуваат до 4000 жени, а 1600 ја губат битката со истата.

Укажувајќи на таа поразителна статистика, министерот за здравство како клучна причина го истакна раното откривање на карциномот, нагласувајќи дека денот против борбата од оваа болест е воведен токму поради тоа да кај жените се зголеми внимателноста од потребата за редовни прегледи.

Повеќе од 10 % од жените помлади од 50 години се заболени од рак на дојка

Повикувајќи се на податоците од државниот институт за јавно здравје Лончар наведе дека вкупниот број на смртни случаи е повеќе од 10% кај жените помлади од 50 години, а дека секоја трета се заболува во периодот од 50 до 64 години.

 

„Кога ракот ќе се открие во раната фаза, со потребната терапија и дијагностика за лечење шансите за излекување се далеку поголеми, што не е случај кога ќе се открие предоцна. Во развиените земји ракот речиси кај 90% од случаите се открива во раната фаза“, нагласи Лончар.

 

 

 

Оцени ја веста

01.06.2015 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега