Тие го контролираат времето и светската популација

 

Новиот светски поредок е теорија на завери според кои мала група на меѓународна елита, ги контролира владите, индустријата, медицината и речиси сите човечки дејности низ цел свет. Теоријата стана популарна по 90-те години на минатиот век, а целта е да воспостави апсолутна моќ над финансиите и луѓето.

Новиот светски поредок опфаќа и неколку посебни теории односно, моќни начини на нивно манипулирање со луѓето.

1.     

Пророштвото на десетте кралеви

Теоријата на завери кои своите корења ги имаат во Библијата не се ништо ново, но според некои, таа е детално предвидена во Книгата Откритија. Според пророштвото, десетте нации ќе се издигнат над другите, и ќе создадат нова власт. Како што стои во Библијата: И 10 рогови што се гледаат, се десетте кралеви кои не попримаат никакво кралство, но примаат моќ на кралеви...“

Идејата е да малата група на луѓе во светот стане темел на теоријата на завери на Новиот светски поредок.

2.     

Доминација на илуминатите

Еден од најпознатите теоретичари на Новиот светски поредок е Алберт Пике кој наводно уште во 19 век смислил како ќе се оствари глобалната доминација на илуминатите, а соработувал со Џузепе Мациније, Отом вон Бисмарком, и бројни други.
Американецот Пике во 1871 година го напишал масонскиот прирачник „Морали и догма“, а работел и на нацрт на три светски војни. Сметал дека целта на Првата е да се сруши рускиот цар во таа земја и да се постави како колевка на атеистичкиот комунизам. Втората војна би имала за цел да се искористи непријателството на нацистите и ционистите со краен резултат создавање на државата Израел. Третата пак ќе предизвика непријателство меѓу исламските лидерии ционисти, а Израел и исламските држави во истата ќе се уништат, што ќе доведе до општествена катаклизма. Тука власта во целост ќе ја превземат илуминатите па ќе завладеат со Новиот светски поредок.

3.     

Контрола на популацијата

Една од големите теории на Новиот светски поредок е да тие строго го контролираат или барем да се обидат, да го контролираат бројот на жители на планетата. Некои од примерите се кинеската политика на едно дете во семејството, во градовите, а оние кои ќе го прекршат ова да добијат казна десет пати поголема од просечно годишните примања за целото семејство, како и можност да ја изгубат работата, здравственото осигурување и можноста за образование. Планот на кинеските власти да го контролира раѓањето трае веќе 50 години, а овој закон е резултат и притисок на земјите од западниот свет, кој тврди дека кинеското зголемување на популацијата претставува глобална економска и мировна закана, а УНИЦЕФ и УНФПА ја финансираат Кина со пет милиони долари годишно во поддршката за политиката на едно дете.

Според уште една теорија, славниот Бил Гејтс, финансира развој на контрацептивни микрочипови за контрола на раѓањето. Малите уреди со големина на неколку милиметри, едноставно би се вградиле во кожата кај жените и би испуштал хормон левоноргестрел кој спречува овалуција. Токму таквата технологија би овозможила контрола на популацијата, особено на местата каде недостасува храна, на пример во Африка, што бројот на жители би опаднал за15%.

4.Техника на надзор

Според поборниците на оваа теорија, еден од начините е манипулирање со постојан надѕор на жителите, низ камери, системи за пратење на телекомуникациите, шпиунажа, па дури и означување на жителите со чипови. Не постои нешто што денеска било кој може да го направи, а тоа да не е приметено, првенствено затоа што сме зависни од технологијата. Токму тие геџети, мобилни, лаптопови, ГПС и други додатоци во нашето секојдневие служат како сателити со чија помош некој може лесно да не набљудува.

5. Контрола на времето

Во последните дваесет години направени се бројни истражувачки системи со кои се поигрувало со идејата за влијание на временските прилики. Претставени како нешто што човекот може да го унапреди, на пример да создаде дожд во сушните подрачја, и слично. Самата идеја на таквите системи звучи алтруистично.

Сепак дали е навистина така? Поборниците на новиот светски поредок тврдат дека системите како американскиот ХААРП се злоупотребуваат, односно се користат за манипулација. Некои тврдат дека ХААРП е користен за да се уназади јапонската економија, која е закана за американската, што резултира со катастрофа во Фукушима потресот на Хаити.

 

 

 

 

Оцени ја веста

01.06.2015 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега