Сопругот на Емина обвинет за проневера на пари

 

Властите почнале да го испитуваат потеклото на имотот на познатата пејачка Емина Јаховиќ.

Ние сме чесни луѓе, не сме криминалци за да проневеруваме пари на било кој начин. Чесно заработуваме и се занимаваме со оваа работа. Никогаш сме немале проблем со законот, рекла пејачката за еден српски магазин, на прашањето за пишувањата дека нејзиниот сопруг Мустафа Сандал, еден од најпознатите турски пејачи и композитори, има проблем со законот за затајување данок и проневера. Како што пишуваат турските медиуми се започнало кога еден композитор од Грција го тужел Мустафа Сандал за авторски права, наведувајќи дека Сандал ја украл неговата песна која ја обработил, продавал преку интернет и така заработил дури милион турски лири (околу 350 илјади евра) за два месеци.

Адвокатот на Сандал барал да му се суди по стариот закон од 2000 година, според кој затворската казна би била од три до шест месеци и казна до 50 милиони лири (17 милиони евра), додека обвинителството инсистира да му се суди според новиот закон, според кој за вакво дело е пропишана затворска казна до 2 и пол години, а паричната до 52 милиони евра.

Тоа се само приказни, колку само да се пишува нешто. Сето тоа е „напумпано“ . Се пишуваше за недвижнини и бродот кој го купивме, но тоа нема врска со проневерени пари, рекла Емина.

ИЗВОР: ВИСТИНА

 

 

Оцени ја веста

01.06.2015 - 15:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега