Ова се најлошите методи за слабеење

 

Најтешко и најважно е да се одбере соодветната диета за вас и за вашиот метаболизам и тело, но постајат неколку универзални правила кои мора да се одбегнуваат, без разлика за која диета и вежби ќе се одлучите.

Изгладнување

Доколку се откажете од одредено јадење, може да се доведете до нутритивен дефицит. Наместо целосно избегнување на сè, пример јаглехидрати, обидете се од менито да ги отфрлите тестенините, но не кратете ги житарките со цело зрно.

Вежбање на празен стомак

Кога вежбате без прво да појадувате, се трошат мускули, а не масти. Важно е да го слушате вашето тело, а ако јадете добро, не само што ќе избегне те губење на мускулите, туку ќе имате и многу повеќе енергија.

Малку сон

Важно е да се наспиете ако сакате да изгубите тежина. Премногу малку спиење може да го зголеми апетитот и да предизвика искушение да јадете повеќе.

 

 

Оцени ја веста

01.06.2015 - 20:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега