Станала мајка на 16 години- сега на 33 е баба
Кори Роланд, британка која станала мајка на 16 години, сега на 33 годишна возраст ќе стане баба.
Историјата се повторува за Кори Роланд. Таа неочекувано, незнаејќи речиси ништо за светот на возрасните, влегла во сексуална авантура со момче од нејзиниот клас. И двајцата тинејџери мислеле дека сексот е игра, но Кори останала бремена. Имала соништа како и секое девојче на нејзина возраст, дека ќе има добра кариера, дека ќе биде среќна, но тој сон се уништил кога дознала дека е бремена, а и нејзините родители биле разочарани од неа.
Сепак за неа абортусот не бил алтернатива, па храбро се одлучила да роди. На 16 години се родила ќерка и Бетани. Сега, 17 години подоцна, нејзината ќерка се породи, а Кори е горда на неа како и секоја мајка кога ќе добие внуче.
„Моето најголемо достигнување е тоа што бев мајка-тинерјџерка- се надевам дека така ќе биде и за ќерка ми“, раскажува Кори.
Триесет и три годишната британка, сега за замислува како ќе звучи нејзината нова титула-баба.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа