Сопругата на познатиот пејач проговори за неговото вонбрачно дете
Оља Којиќ, сопругата на фолк пејачот Драган Којиќ Кеба долго молчеше за аферата на својот сопруг и за вонбрачното дете, а сега проговори отворено за тоа.
Мојата повредена суета не може да се спореди со количеството на грижа на совест и болка која Драган ја чувствува. Воопшто не размислувам за себеси и така е од првиот миг на тој немил настан. Нема непростлив грев, само неокајан, а Драган својот го окаја – вели Оља.
Таа исто така вели дека Кеба и раскажал за се, дури и повеќе од што сакала да знае, бидејќи искреноста е многу важна за нивниот брак. Таа признава дека имале проблеми во бракот, како и сите, но поради љубовта е подготвена да истрпи и да мине преку некои работи.
Извор: Вистина
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа