ФОТО: Поради овој човек ни земаат отисок од прстите
На почетокот на минатиот век забележан е еден неверојатен случај во затворот во САД, кој воедно придонел до тоа денеска да се врши идентификација преку земање отисок од прсти.
Во далечната 1903 година во американскиот затвор Ливенворт пристигнал човек по име Вил Вест.
Кога дежурниот полицаец ја видел неговата фотографија го запрашал Вест кога претходно бил во затвор.
Збунетиот човек му објаснил дека никогаш порано не бил затворен. По неговиот одговор, записничарот заминал во архивата и пронашол фотографија на човек кој многу личел на Вест, а згора на се го имал и истото име.
И самиот Вест бил многу збунет кога ја видел фотографијата.
-Тоа е моја фотографија, но не знам од каде се нашла кај вас, рекол тој.
На крајот била заклучено дека во тој затвор и порано одлежувал некој Вилијам Вест кој неверојатно многу личел на него.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа