Примамливи дестинации но забранети - овие локации не смеете да ги посетите
На овие места човечка нога ретко има стапнато. Иако се примамливи за туристите, местата се потполно затворени за посетители бидејќи се опасни по живот. Еве каде да не патувате:
1. Најоддалеченото место во светот
Островот Херд е вулкански архипелаг во јужниот дел од Индискиот океан и се смета за едно од најоддалечените места на планетата. На Херд се наоѓа активен вулкан прекриен со мраз - Мосон.
2. Најотровното место на светот
На островот Иља Кеимад, 32 километри од брегот Сао Пауло во Бразил, живеат околу 4000 примероци од најсмртоносните змии на светот. Златните змии фаќаат птици во лет и убиваат со силниот отров кој може да спржи човечко месо.
3. Остров на непријателски настроени домородци
Тешко е да се замисли дека постои место на земјата на кое луѓето не знаат што е мобилен телефон и компјутер. Луѓето никогаш не биле во контакт со модерната цивилизација, а живеат на островот Сентинел во племенски услови.
Островот се наоѓа помеѓу Мијанмар и Индонезија, а е дом на многу непријателски настроени племиња. За нивната култура и јазик многу малку се знае.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа