Ова никој не го очекуваше: Познатиот режисер обвинет за детска порнографија
Режисерот на популарната телевизиска серија „Закон и ред“, Џејсон „Џејс“ Александер е приведен под обвинение за детска порнографија.
Како што објавија американските медиуми, 50-годишниот Александер се товари за поседување и ширење на снимки со сцени од сексуални односи со девојчиња.
На видеата што Александер ги дистрибуирал на интернет има снимки со сексуални односи со 12-годишно и 13-годишно девојче, а во неговиот компјутер се пронајдени и други видеа со секс сцени и со помали деца.
По приведувањето, Александер е пуштен да се брани од слобода со кауција од 10.000 долари. Почетокот на судскиот процес против него е закажан за 19 ноември и ако биде прогласен за виновен, би можел да заработи казна затвор од најмногу седум години.
Инаку, Александер покрај „Закон и ред“, режираше и еписоди од сериите „Спаси ми“ и „Црна листа“.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа