Победникот на „Х-Фактор“ воодушевен - еве што ја засени сообраќајката
Победникот на „Х-Фактор“ Амел Ќуриќ сеуште се опоравува од сообраќајката која ја доживеа.
„Неколку денови по несреќата почнав да ги чувствувам последиците, но не беше тешка повредата, само имам модринки. Утре ќе одам на контрола па ќе видиме“, рече Амел за српските медиуми.
Пејачот денес добил информација која ја засени сообраќајката - повикан е да биде гостин на концерт на Здравко Чолиќ.
„Останав така кога добив повик да бидам гостин, бидејќи баш неговата песна ме прослави, а тоа е ’Песно моја’, за која добив одлични коментари. Ова ми е шлаг на досегашниот успех“, рече Амел.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа