Оваа приказна ќе ве натера да го засакате секој миг - 5-годишно девојче ќе го изгуби слухот и видот

 

На петгодишната Лизи Мајерс од Охајо, докторите и дијагностицирале Ушеров синдром втор степен, односно ретко генетско пореметување кое подразбира губење на видот и слухот за време на животот.

Таа веќе носи апаратче за слушање, а докторите проценуваат дека помеѓу 5 и 7 години, прво ќе го изгуби видот. Нејзините родители Стив и Кристина направија специјала справа, која овозможува да ги види сите прекрасни пејсажи во светот, пред да остане слепа.

Иако малата Лизи не е свесна за тоа, нејзините родители прават се за да и надоместат. Тие неодамна ја однесоа ќерката во опсерваторија во Охајо, да ја гледа Месечината и ѕвезите.

За оваа болест за жал, не постои лек, но родителите прават се за да го запознае светот пред да го изгуби видот.

 

 

Оцени ја веста

08.08.2015 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега